Арсовска со навреди кон деканот на градежниот факултет: Тоа е оној кој од дома по пижами даваше дијагностика за мостот Беласица

Во интерјву за емисијата 360 степени градоначалничката на Скопје упати навреди кон деканот на градежниот факултет кажувајќи дека тој е она лице кое по пижами давал дијагностика за мостот Беласица.

- “Он ли е истиот декан што од дома по пижами по телевизија даваше дијагностика на мостот, на тој мислите“ кажа Арсовска, каде веднаш потоа и беше сугерирано дека тој не давал за мостот дијагностика туку има кажано дека во Македонија не постои институција што би го испитала колку е тој мост безбеден и притоа на Арсовска и беше посочено дека ваквите квалификации “ по пижами “се непристојни од нејзина страна.

- “Вие да давате дијагностика за мост да ги плашите граѓаните на целиот град Скопје да кажувате нешто за кое не сте излегле на лице место да го погледнете и да направите било каква анализа, да тврдите и да сеете страв. Деканот многу работи рече од кои ниту една не се воспостави дека е вистина“ кажа Арсовска