Арсовска положи цвеќе во чест на загинатите во земјотресот во 1963

На денешен ден пред 60 години, градот Скопје беше погоден од најголемата катастрофа во поновата историја. Во чест на загинатите, денеска делегација од Град Скопје предводена од градоначалничката Данела Арсовска положи цвеќе на споменикот подигнат во сеќавање на жртвите од катастрофалниот земјотрес во Скопје.

- Овој ден засекогаш ќе биде врежан во колективната меморија на скопјани, на овој ден се сеќаваме на жртвите, но и искажуваме благодарност на сите оние кои учествуваа во спасувањето на животи од под урнатините. Скопје никогаш нема да ја заборави ниту хуманоста која ја покажа светот и на овој ден изразуваме благодарност кон сите оние народи и држави кои помогнаа градот повторно да се изгради. Скопје памети, скопјани се благодарни на помошта, хуманоста и солидарноста. Никогаш нема да ја заборавиме подадената рака, секогаш сме поддршка и ќе пружиме помош кога таа е најпотребна, порача Арсовска.