Анима Мунди: Завчера во Прилеп се застрелани 6 кучиња, монструмот плански им пресудил

Анима Мунди со вонемирувачка објава на социјалните мрежи соопшти дека завчера 05.02.2024 година во Прилеп се застрелани и убиени 6 кучиња, кои се нашле на патот на монструм кој плански им пресудил , шетал наоружан за да убива. Од Анима Мунди посочуваат дека во ова убивање на кучињата некои сопственици си ги загубиле своите миленици. Тие велат дека ова ѕверство врз животните се случило во населбата Варош ,улиците Гога Јанкулоски, Гога Димитриоски и Благоја Шукуровски.

- “И како да ништо вонстандардно не се случило, Комуналец Прилеп уредно си поминале и ги собрале застреланите тела на животните, кои живи, кои на издишување и ги фрлиле во градската депонија кај село Алинци. Ниту крим полиција, ниту било каква пријава било каде. Доказите таму некаде на депонија, дело нема. МВР, АХВ, општина Прилеп, министри, директори, градоначалици, ИТНО да излезете на улица и видите што се случува додека , какви ѕверства се премолчуваат и туркаат под тепих. До наредните стрелби, кога на овој или ваквите психопатот можеби ќе им засмета човек“ се вели во објавата.