Ако се борите со вишок на килограми, оддалечете се од околината која профитира од вашиот неуспех...

Ако се борите со обидите да ја контролирате вашата прехрана, тогаш барем обидете се да ја контролирате вашата околина. За почеток, држете се подалеку од кое било место или производи кои имаат корист од вашите лоши избори... барем во догледно време.

Мег Селиг, авторка на книгата „Силата на промените!“, го користи терминот „профитери од лошите навики“. Таа вели дека тоа се компании, организации и луѓе кои профитираат од вашите лоши навики. Ако не обрнувате внимание и не ги штитите вашите цели, тогаш ќе го направите баш она што тие го сакаат од вас.

Ќе јадете пуканки во кино, ќе јадете бели пецива од пекарите кои ги има на секој чекор, ќе го изедете целото пакување сладолед затоа што рекламата ви рекла дека „вие тоа го заслужувате.“

Просечен човек ќе продолжи да ги работи овие работи дури и кога очајнички сака да изгуби килограми. Зошто? Затоа што „профитерите од лоши навики“ така ги научиле и се чувствуваат лишени од тие „задоволства“ секогаш кога се обидуваат да се откажат од нив. Тие се добро научени, лојални потрошувачи.

Затоа, ако сакате да биде витки и поздрави, мора да предвидите кое ситуации би можеле да ви донесат неуспех и да ги избегнувате, сѐ додека не се научите да го контролирате вашето однесување (во смисла на тоа дека нема да посегнете по таа конкретна храна секогаш кога ви е пред очи), без оглед на тоа каде се наоѓате и со што сте опкружени.

Секако дека нема да избегнувате да одите во продавница, но ограничете ја својата изложеност на работи кои ќе ве искушуваат или ќе ве намамуваат да потклекнете на искушението.

Значајниот пораст на телесни масти не е предизвикан од ретки исклучоци кога си дозволувате да внесете нешто нездраво. Тој пораст е предизвикан од постојано внесување на „ѓубре“. А ако се наоѓате во околина која профитира од вашиот „неуспех“ да ги намалите килограмите, уште повеќе го отежнувате менувањето на вашите секојдневни прехранбени навики. Потребно е да ги промените местата на кои одите и работите со кои сте опкружени.

Ако вашата кујна е преполна со нездрава храна, тогаш битката сте ја донеле во својот дом и само дополнително си ги отежнувате работите.