81-годишник од Скопје со „опел“ прегази жена во Скопје

65-годишна скопјанка вчера попладне била прегазена од 81-годишнен возач во скопска Автокоманда. 

На 20.03.2024 во 14.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Методија Андонов Ченто “ и ул.„Маџари“ во Скопје, патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(81) од Скопје, удрило во М.У.(65) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.У., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти полицијата. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.