65-годишен скопјанец насилно ограбил продавница

65-годишен скопјанец кривично ќе одговара за кражба. 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.М.(65) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 20.12.2023 во продажен објект во село Бунарџик, скопско, пријавениот со закана кон вработените одзел повеќе производи, соопштија од МВР.