​Кисела Вода изгради нов паркинг и реконструира сообраќајници во близина на ООУ “Кирил Пејчиновиќ”

Завршени се градежните активности за изградба на паркинг-простор во близина на ООУ „Кирил Пејчиновиќ“. Во изминатите две седмици активно се работеше на асфалтирање површина од речиси 500 квадратни метри, а на претходно постојниот паркинг се извршија реконструктивни зафати, со што го обновивме просторот за паркирање на површина од приближно 1.600 квадрати. Се рабoти за простор на улицата Народни херои, кој е во непосредна близина на основно училиште, што уште повеќе ја потенцира потребата од паркинг. Дополнително, денес се асфалтира и крак на улицата Пушкинова.

„Заокружуваме уште еден поголем проект од сферата на патната инфраструктура, кој на жителите од населбата 11 Октомври им обезбедува покомфорен сообраќај и дополнителен простор за паркирање. Со асфалт и павер-елементи уредивме 1.800 квадрати површина на улиците Народни херои и Пушкинова, сообрaќајници што се во непосредна близина на ООУ ‘Кирил Пејчиновиќ’“.

„Денешниот настан е уште една потврда дека заложбите за надминување на сообраќајните предизвици со кои се борат сите урбани заедници и понатаму остануваат да бидат високо на листата од моите приоритети на дејствување како градоначалник. Со новите 40-ина паркинг-места што ги отвораме денес бројот на новоизградени паркиралишта за две години се искачи на 1.320. Бројка што е повисока за 320 места од ветените 1.000 во мојата предизборна програма“, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.