500 евра просечна пензија најави СДСМ

Продолжуваат ветувањата во предизборието. СДСМ ветува дека ако го добие мандатот на граѓаните просечната пензија ќе биде 500 евра. Тие велат дека имаат јасен и конкретен издржан план преточен во новата изборна програма.

„Повисок животен стандард, европски плати и пензии се еден од клучните столбови на планот за европска иднина на Македонија. Во 2028 година минималната пензија ќе биде 20.000 денари, а просечната пензија 30.000 денари или 500 евра. Дополнително се предвида мерка- новогодишен пакет од 100 евра за секој пензионер во државата. Во изминатите седум години СДСМ покажа и докажа дека ги исполнува ветувањата и дека работи за доброто на сите. Просечната пензија порасна зголемивме за 6.400 денари, а минималната за 50%“, велат од СДСМ.