Претседателска пензија од стотина илјади денари месечно

Се бенефициите со кои претседателот во заминување Ѓорѓе Иванов ќе располага до крајот на животот, по истекот на неговиот мандат в недела на 12ти мај.

Барањето за изнајмување на кабинет утрово било доставено до владината Служба за општи и заеднички работи, од каде дале позитивен одговор, потврдуваат за Канал 5.

 Буџетот за канцеларијата, во која Иванов ќе може да вработи и тројца советници по негов избор, изнесува 8 проценти од годишниот буџет на претседателскиот кабинет.

На два дена пред заминувањето на Иванов, се уште е отворена и дилемата за поднесените барања за помилување на осудените за 27 април.

Последни повици да го искористи правото на помилување денеска пристигнуваат од неговата поранешна колешка од правниот факултет Тања Каракамишева, но од претседателската резиденција до сега досега такви навестувања нема.

Претседателската кариера на Иванов завршува в недела, кога функцијата шеф на државата ќе му ја предаде на неговиот наследник Стево Пендаровски.

Неговата инаугурација треба да се случи в недела напладне. Ден претходно ќе му биде врачено уверението од ДИК, потврдуваат оттаму за Канал5. Заклетвата ќе ја даде на свечена седница пред народните избраници, министри, верски лидери, уставни судии и дипломатскиот кор, а на инаугурацијата на Пендаровски поканети се и шефовите на државните од регионот, високи европски претставници, меѓу кои Могерини, Хан и Јункер, како и поранешниот претседател Бранко Црвенковски. Но, неизвесно е дали заклетвата на Пендаровски ќе ја слушне и премиерот Заев.

Од Владата не откриваат дали тоа што слободните денови на премиерот се поклопуваат со седницата, значи и негово отсуство од инаугурацијата на Пендаровски.

 Официјалното примопредавање на претседателската функција ќе се случи во претседателската резиденција, каде на кратка церемонија Иванов ќе му ја предаде должноста на Пендаровски. Од тој момент, практично, ќе започне да тече петгодишниот претседателски мандат на Стево Пендаровски.