5 причини зошто секогаш доцните?

Постојат многу нешта кои вашите пријатели веројатно ги обожаваат кај вас: вашата искреност, вашите совети, вашиот вкус. Но, способноста да стигнете на време не е вашата најслаба страна.

Не сакате да ги оставите работите

Гледате серија, се туширате, заглавувате со проверувањето меилови...Секогаш, постои некоја причина зошто се задржувате и се однесувате како да не сакате да ги оставите работите. Потребно ви е повеќе време за да станете и да почнете да се подготвувате и да стигнете на време.

Но, размислувајте за тоа како на вадење фластер. Колку побрзо го направите тоа, толку побезболно ќе биде за сите.

Вие сте оптимист

googleMaps ве известуваат дека ви се потребни 18 минути за да стигнете негде, па затоа вие и точно 18 минути оставате за да стигнете негде. Но, не ги земате предвид гужвите во сообраќајот и другите нешта кои се надвор од контрола. Затоа, следен пат дадете си малку повеќе време. Нема ништо страшно во тоа да оставите повеќе време за да стигнете навреме или пак да дојдете дури и малку порано.

Точноста не ви значи ништо

Пробувате да бидете точни на интервјуа за работа, но само таму. За вас, ништо не значат 10 минути. Но, треба да знаете дека другите луѓе најверојатно не размислуваат како вас и дека за нив да се биде точен значи многу. Секогаш обидете се да ги почитувате другите луѓе и нивното време.

Немате осет за време

Се однесувате како да лебдите и заборавате на часовникот. Иако веројатно сите би ви се восхитувале за тоа, сепак доцнењето не ве оправдува во тоа. Обидете се да поставите потсетник или аларм.

Всушност не сакате да одите

Ова е најчестата причина за вашето доцнење. Се чувствувате виновно да откажете, и затоа само го одложувате одењето и подготовувањето. Но, имајте предвид дека на некои работи веќе сте се сложиле и доколку не сакате да одите почесно е да откажете, отколку да бидете мрзеливи и да доцните.