10 причини поради кои треба почесто да се гушкаме

Прегратката е една од најдобрите работи кои човекот ги прави. Прегрнувањето прави да се чувствуваме добро и да дадеме до знаење дека другата личност ни значи. Но, освен тоа прегратките имаат и многу други поволности кои се важни за нас.

Денес ве потсетуваме зошто прегрнувањето е толку важно и зошто треба почесто да се гушкаме!

Прегрнувањето го зацврстува нашиот имунитет

Прегратките кои траат подолго од 20 секунди имаат терапевтски ефект кој позитивно влијае на нашето тело и ни помага да се бориме со болести.

Прави да мислиме помалку на храна и ни помага да останеме во форма

Прегратките поттикнуваат поддршка и емпатија. Ова прави да се чувствуваме сакани и ни помага да го поттиснеме нагонот да ја пополниме емоционалната празнина со вкусна, но нездрава храна.

Го успорува процесот на стареење

Со намалување на нивото на стрес, прегратките прават природните механизми на стареење во нашиот организам да се движат побавно.

Ни помага да останеме флексибилни и ја зголемува виталноста

Прегрнувањето го подобрува нашето расположение и ни помага да ги наполниме батериите за да имаме подобар и попродуктивен ден.

Ни помага да издржиме во тешки околности

Наполнети со позитивна енергија, нашите тела и умови сигурно ќе ги надминат сите тешкотии и ќе најдат излез и од најтешките ситуации.

Прегрнувањето не’ прави посреќни

Прегратките придонесуваат во телото да почне да се лачи окситоцинот, кој не полни со чувство на задоволство и ни помага да ја зацврстиме емотивната врска со партнерите или членовите на семејството.

Прегрнувањето помага при борбата со депресија

Прегрнувањето не само што го намалува нивото на кортизолот (хормонот на стрес) во организмот, туку и го зголемува лачењето на серотонин, кој е поврзан со доброто расположение и чувството на среќа. Се ова влијае на смирување на нервниот систем и подобрување на целокупната емотивна состојба.

Има смирувачки ефект на нашиот нервен систем

Самиот чин на прегрнување има смирувачки ефект и на нашето срце и на нашиот нервен систем. Со тоа што се прегрнуваме, ние ги поттикнува нервите да се смират, ослободувајќи се од насобраниот стрес и тензија.

Ја зголемува самодовербата

Прегрнувањето прави да се чувствуваме безбедни. Придонесува да бидеме помалку склони кон стравови и несигурности. Таквата реакција е дел од нашите инстинкти, ни помага на подсвесно ниво, овозможувајќи поддршка при соочувањето со животните тешкотии.

Ни помага да искажеме работи кои не можеме да ги искажеме преку зборови

Прегратките се универзален начин  да се изрази грижа, љубов и поддршка за саканите, без оглед на јазикот кој го зборувате!