42 ваучери за новороденчињата од Кисела Вода

Општина Кисела Вода денес свечено ги додели ваучерите наменети за новороденчиња родени на територијата на оваа општина. Вкупно 42 од кои 13 за машки и 29 за женски новородени деца. Со тоа, бројката на вкупно доделени ваучери од воведувањето на еднократната неповратна помош се искачи на дури 1 652. 

Проектот од социјален карактер има за цел да им даде поддршка на родителите на новородени деца кои се со живеалиште на територијата на Општина Киселаа Вода. Еднократната помош се доделува секој месец  на семејствата на новородените деца со цел да ги олесни финансиските трошоци кои доаѓаат со доаѓањето на свет на новите жители на општината. 

При поднесување на барањето треба да достават  на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциона сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето.