4 начини како да разликувате срцев удар од паничен напад

Нападите на паника и срцевите напади имаат слични симптоми: тешка болка во градите, потење, тресење, конфузија, гадење и слично.

Фактот дека и срцевиот удар може да предизвика паника, уште повеќе ја засилува конфузијата.  

И покрај навидум сличните симптоми постојат начини како полесно да ги разликувате.

Како да препознаете срцев удар?

1. Болката за време на срцев удар луѓето ја опишуваат како неподнослива.

2. Обично болката се појавува во средината на градите и може да се шири надолу кон левата рака или грбот.

3. Болката може да се рашири дури и кон вратот, забите и вилицата.

4. Интензитетот на болката може да се разликува.

5. Оваа состојба трае повеќе од 5 минути и не влијае на дишењето.

6. Се појавува трнење во левата рака, а исто така може да се почувствува и моментално студенило, гадење, па дури и повраќање.

Доколку ги имате овие симптоми повеќе од 5 минути повикајте брза помош или замолете некој да ве однесе до најблиската болница.

Како да препознаете напад на паника?

1. Симптомите на напад на паника обично достигнуваат врв по околу 10 минути.

2. Болката е локализирана во градите и има функција како бран (доаѓа и си оди).

3. За време на напад на паника може да се почувствува пецкање и вкочанетост кои не се ограничени само на левата рака, туку може да се почувствуваат и на десната како и на нозете и прстите.

4. При случај на напад на паника луѓето имаат тенденција да доживуваат ирационални стравови, како на пример страв од задушување.

Доколку не можете да одредите дали станува збор за срцев напад или напад на паника веднаш побарајте медицинска помош.

Доколку се работи за срцев удар ненавременото барање помош може да заврши фатално.

Во случај пак на напад на паника, доколку не се лекува може да се влоши проблемот и да доведе до почести напади.

Навременото специјалистичко испитување ќе го ви помогне значително да го подобрите квалитетот на вашиот живот.