19-годишна девојка пријавила напад од таксист на подрачјето на Аеродром

Млада девојка враќајки се со такси возило во Аеродром била нападната од возачот. 

На 27.01.2023 во 04.33 часот во Полициска станица Аеродром, 19-годишна кичевчанка пријавила дека околу 04.20 часот додека со такси возило се враќала кон нејзиниот дом на подрачјето на скопски Аеродром, такси возачот започнал да се однесува недолично и да ја допира по телото, стои во денешниот полициски билтен. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.