13-годишно девојче исчезна од домот во Скопје, родителите се сомневаат дека избегало со дечкото

Завчера во полициската станица Шуто Оризари, скопјанец пријавил дека неговата 13-годишна ќерка се оддалечила од домот.

Таа и претходно повеќе пати се оддалечувала кај своето 19-годишно момче и била пронаоѓана и враќана, се посочува во пријавата.

Родителите се противат на нивната врска, а против момчето веќе има поднесено пријава, велат од МВР.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.