Жител на Кондово противправно си присвоил 2.3 милиони денари

Во точно 15 наврати од 27.07-09.09.2023 или во период од речиси 2 месеца жител на Кондово си присвоил 2.3 милиони денари. Имено лицето Н.Н(25) како вработен во приватна компанија на која и била доверена работа да врши пренос на пари од своите клиенти, преку фалсификување на потписот и печатот на правното лице евентирал дека парите кои му биле предавани на него и се предадени на банката, а фактички тие средства си ги задржувал за себе. Невистините податоци му ги доставувал на својот работодавач дека целата работа е завршена во рамки на правилата и процедурите.

Од МВР соопштуваат дека Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје на осомничениот му има поднесено кривична пријава за сомнение за сторени кривични дела „затајување” по член 239 став 1 во врска со став 5 и „фалсификување или уништување деловни книги” по член 280 став 1 и став 2 од Кривичниот законик.