Жената која беше застрелана пред 1 месец на патарината кај Прешево од македонски државјанин почина на клиниката во Ниш

Почина жената која пред еден месец беше застрелана на патарина кај Прешево од страна на македонски државјанин пренесува српски „Блиц“. Имено 30 годишната В.Ј. била со македонскиот државјанин во кола и во еден момент излегла од колата и почнала да бега, при што мажот излегол од возилото и почнал да пука кон нејзе и притоа и нанел тешки повреди на душникот, белите дробови и вратните пршлени.

„Пациентката В.Ј. (30) која на 8. март поради повреди добиени од огнено оружје, од Врање беше донесна во УКЦ во Ниш, и после хируршките зафати беше хоспитализирана на Клиниката за анестезија, и после сите напори на лекарите да нишкиот универзитетски клинички центар, вчера им подлегна на повредите“, соопштија од УКЦ Ниш.