Затвореник избегал од затвор и ограбил продавница во Крива Паланка

Затвореник избегал од затворот во Крива Паланка и ограбил продавница. 

- На 16.04.2024 во 03.30 часот во Крива Паланка, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Е.З.(26) од Куманово. Тој се сомничи дека, откако избегал од казнено - поправна установа, од продажен објект во Крива Паланка одзел предмети и пари. Е.З. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопштија од полицијата.