Засилени контроли на такси превозот во Скопје - одземени 16 сообраќајни дозволи

Градските инспектори за патен сообраќај во текот на изминатата недела одземаа 16 сообраќајни дозволи на такси возила кои вршеле такси дејност без лиценца и извод на лиценца. Истовремено, беа исконтролирани и голем број локации на такси стојалиштата и беше интервенирано за стоење на такси возила надвор од такси стојалиштaта.

Засилените контроли на такси превозот ќе продолжат и во наредниот период.