Запрежните коли – задолжителен декор на скопските улици

Запрежни коли низ улици во центарот на градот, коњи врзани во зелени површини или оставени слободно да шетаат е глетка која ги револтира скопјани, но, како што се одвиваат работите, изгледа уште долго во метрополата овој проблем нема да се реши.  Иако, е забрането возење на запрежни коли во урбани средини, на улици и булевари, нивните возачи се упорни во засилување на сообраќајниот метеж, бидејќи застануваат каде што ќе им текне, блокираат коловозни ленти и тоа не каде било каде, туку на главните градски сообраќајници.

Казната за непочитување на забраната за движење на запрежни коли изнесува 25 евра.

Според Законот за безбедност во сообраќајот, таму каде што е дозволено движење на запрежни коли, возачот треба да го држи возилото што поблиску до десниот раб и на растојание од најмалку 100 метри од возилото кое се движи пред него.