Започна изградба на нова водоводна мрежа во населбата Аеродром (ФОТО)

Ново и квалитетно водоснабдување, на ниска и висока зона, ќе добијат жителите на ул. „Руди Чајевац“.

Атанасов подвлече дека ќе продолжат и во иднина да излегуваат во пресрет на граѓаните, со цел подобрување на квалитетот на животот на граѓаните на Град Скопје.

Изградбата се врши потегот од улицата „Коста Новаковиќ“ до ул „Фрањо Клуз“ со вкупна должина од 1060 метри и во вредност од 10 милиони денари, инвестиција на ЈП Водовод и канализација-Скопје. -На овој простор на местото на старите воени бараки сега се градат висококатници од 1 до 9 ката, заради кои беше потребна ваква инвестиција. Граѓаните кои што ќе живеат во овие згради ќе немаат проблеми со водоснабдувањето. Ќе бидат поставени нови цевки F=160, со кои ќе се задоволат потребите на овие корисници, информираше директорот на ЈП Водовод и канализација, Александар Атанасов