Запленети 22 автомобили при заедничка акција на Царина и МВР

Во дводневна заедничка акција на Секторот за контрола и истраги при Царинска управа и Министерството за внатрешни работи запленети се 22 патнички моторни возила со странски регистарски таблици управувани од македонски државјани.

Запленетите возила се од различни марки, а меѓу нив, четири возила се марка „мерцедес, три патнички возила се марка „ауди“, две се марка „бмв“, едно патничко товарно возило е марка „тесла“ и др., а сите возила биле управувани од македонски државјани на територија на Република Северна Македонија повеќе од 6 месеци, велат од Царина.