Загина синот на експратеникот Крсто Мукоски

Милан Мукоски, син на експратеникот Крсто Мукоски загина во сообраќајка која се случи вчеравечер, дознава и пренесува порталот „Скопје1“. Загинатиот имаше 20 години. Според, информациите кои ги споделија од порталот, несреќата се случила на патот кон Вевчани 1 часот по полноќ.

Синот на експратеникот управувал возило „ауди“, со кое излетал од патот. Починал на лице место, обидите за реанимација биле неуспешни.

Увид извршил јавен обвинител и полицајци од Струга.

Милан е најстариот син на пратеникот.