Врие од сексуални садисти во градските автобуси, предупредува новинарката Најдовска

Новинарката Бранка Најдовска од Скопје со предупредување - врие од сексуални садисти и предатори во јавниот превоз!

Таа вели дека децата се препуштени сами на себе со предаторите, но и упати апел до младите девојки како да се заштитат. 

- Деновиве интензивно се возам со градски автобус. Врие од сексуални садисти. Секое женско, особено млади девојки, обврзно да носат со себе бибер спреј: му прскаш во очи и се симнуваш од автобус најбрзо што можеш. Без расправање. Прскаш, бегаш. Зашто никој нема да те заштити. Гледаат „госпожите и господата“ и ќутат. Возачот исто. Сите ќутат. Полиција не крева телефон - се пазарат со дилерите во Министерство за култура и ФИТР.  Обучете ги децата, колку се може. Препуштени се сами на себе со предаторите, вели Најдовска во својата предупредувачка порака до родителите.