Возила на тротоар, деца на улица - Сообраќаен срам во Карпош во близина на основно училиште

Автомобили паркирани на тротоар, пешаци по улиците - ова е честа слика во Скопје. 

„Најтазе“ пример за оваа сообраќајка некултура пристигна од Карпош. 

Во фесбук групата „Ѕид на сообраќајниот срам“ осамна фотографија на која повеќе од очигледно е дека децата наместо по тротоари се движат на улица, додека тротоарите се зафатени од паркирани возила. 

Ова е просторот околу ОУ „Вера Циривири“ во Карпош. 

- Па, кај да се паркираат луѓето кога нема паркинг места? - коментира еден скопјанец, на што следуваше директен одговор од друг скопјанец. 

- Па што купуваш автомобил кога нема каде да го паркираш? Ако им се случи незгода на децата кој ќе е крив?Тие што оделе по улица заради некои глупаци кои го узурпирале тротоарот? Утре твоето дете присилено од таквите ќе оди по улица, како ќе ти е тебе ако му се случи несреќа, праша еден револтиран граѓанин.