Водовод ја избриша објавата за прекин во водоснабдувањето во текот на утрешниот ден

Откако првично беше објавено дека во текот на утрешниот ден ќе биде прекинато водоснабдувањето во голем дел од Скопје, ЈП Водовод и Канализација подоцна ја избриша објавата. 

Во соопштението беше наведено дека голем дел од населбите во Скопје ќе бидат без вода во текот на денот, поради најавени интервенции на терен. Во текот на денот беше објавено и соопштение од страна на Град Скопје, во кое стои дека вода сепак ќе има и дека не се точни информациите.