Во понеделник комеморација за Горан Стефановски - утринава беше кремиран во Кентербери

Во понеделник на 10 декември во Драмски театар е најавена комеморацијата за македонскиот драмски писател Горан Стефановски. 

Комеморацијата е закажана за во 12 часот.

Инаку Стефановски почина на 66 години на 27 ноември. 

Тој утринава беше кремиран  во Кентербери, Англија, а по негова желба пепелта во пригодна прилика ќе биде расфрлана во водите на Охридското Езеро.