Во еден македонски град оваа година има 100 првачиња помалку од лани

За 100 првачиња е намален бројот во новата учебна година во основните училишта во Прилеп.

За шест месеци во претходната учебна година, родителите отпишале дури 300 ученици и заминале во странство.

Тендот на намалување на учениците продолжува и во оваа учебна година, па така наместо предвидените 800, во училиште ќе тргнат 700 првачиња.