Во делови од Карпош 1 и Карпош 2 ќе има зонски паркинг

Општина Карпош ги информира граѓаните дека ЈП „Градски паркинг“ – Скопје започна акција за воведување на зонско паркирање на територија на локалната самоуправа, поточно во урбаните заедници Карпош 1 и Карпош 2.

Овој процес ќе се одвива во неколку фази, со цел да се овозможат подобри услови за паркирање, полесен пристап до паркинг места, како и полесен проток на возила во овие населени места.

Во првата фаза ќе бидат опфатени делови од Карпош 1, а за пријавувањето за паркинг дозволи, кое исто така ќе се одвива етапно, станарите ќе бидат навремено известувани, согласно динамиката на обележувањето на улиците.

Притоа, право на паркирање на зона Д42 ќе имаат граѓаните кои гравитираат на една од наведените адреси, по цена од 0 денари за две станарски возила, а поднесувањето на Барања за нивно евидентирање во системот ќе се одвива етапно, согласно динамиката на означување на улиците, за што ќе бидат дополнително известени, информираат од локалната самоуправа на општина Карпош.