Во Аеродром еден приведен заради фотографирање на гласачко ливче

Едно лице претпладнево било приведено од полицијата, бидејќи го фотографирало гласачкото ливче, потврдиле од МВР.

Според полициските информации, изборниот инцидент се случил на гласачко место во градинката „Срничка“ во Општина Аеродром.