Внимавајте: На кејот на Вардар напаѓаат птици - исклукале човек по глава и му направиле рани

- Ме нападна гавран на кејот на Вардар кај мостот на Обединети нации. Ставив кутија на глава и почнав да бегам. Најверојатно имаат мали, па ги штитат. Во Карпош 3 нападнале човек со клукање по глава. Рани му направиле, раскажува една скопјанка.

Граѓаните се жалат за напади од птици на различни локации низ градот, но најмногу од нив велат дека биле нападнати на кејот на Вардар. Некои од нив се здобиле со лесни повреди од ударот на птиците, а некои имале среќа, па успеале навреме да избегаат.

Пред речиси четири недели имаше поплаки од друга скопјанка дека била нападната од птици во центарот на Скопје.

- Внимавајте, во центарот на скопје напаѓаат чавки, ме удри во глава, изгубив свест и ме обли крв! Ме удри силно во главата, не видов од каде долета, зашто сè се случи во секунда и зад мојот грб. Само почувствував силен удар во главата одзади, како со камен и ми потече крв. Ми се стемни пред оли, додека да успеам, да видам дека огромна птица долета на дрвото пред зградата, кажа скопјанката пред неколку недели.

Други жители предупредуваат да се внимава каде се движите, затоа што биле нападнати и на други локации во градот.

- Внимавајте, истото се случува и кај библиотеката во близина на „Мавровка“. И мене истото ми се случи на „Партизанска“ спроти Лептокарија. Во Кисела Вода бев нападната од неколку птици. Една птица ме удри во Жена Парк во глава, но за среќа полесно поминав, се само дел од поплаките на граѓаните.