ВМРО-ДПМНЕ ветува дека ќе го врати проектот „Купи куќа за млади”

ВМРО-ДПМНЕ ветуваат дека нивната влада ќе има проактивен пристап во градење на услови за останување на младите во Македонија, од креирање на подобра бизнис клима, систем на владеење на право до политики и мерки кои ќе го олеснат процесот на младите за стекнување на сопствен дом.

„Мерката “Купи куќа за млади” која во минатото даде големи резултати, ќе се обнови, но и подобри. Целта е илјадници млади да дојдат до свој дом, да го градат семејството во Македонија и да живеат и творат тука. Преку мерката “Купи куќа за млади” се дава сигурност на младите дека Македонија мисли на нив и дека им овозможува услови за добар и просперитетен живот“ се вели во партиското соопштение

Од таму додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги има младите и луѓето на прво место.