Власта и опозицијата се договорија, граѓаните со истечени лични документи ќе може да гласаат на избори

Власта и опозицијата се договорија граѓаните кои немаат валидни документи, односно документите кои на кои им е поминат рокот на важење да можат да гласаат на претседателските и парламентарните избори. Тука се работеше за над 100 илјади граѓани кои имаа невалидни документи.

Пратениците со огромно мнозинство од 84 пратеници и со само 2-ца воздржани го изгласаа законот. Во членот 38 од законските измени стои дека оваа одредба ќе важи само за претстојните избори.

Измените на Изборниот законик ги поднесоа координаторите на пратеничките групи на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и од ДУИ, иако техничкиот премиер од оваа партија, Џафери, вчера се изјасни против предлогот на ДИК за граѓаните да можат да гласаат со стари важечки документи.

Друга измена во Изборниот законик е дека избирачко право ќе добијат и лицата кои ќе наполнат 18 години до денот на одржување на било кој круг од гласањето и меѓу двата изборни круга, наместо како досегашното решение кое важеше само за оние кои станале полнолетни до првиот круг од претседателските избори.

Преку законските измени се имплементираат препораките на ОБСЕ/ОДИХР нотирани во извештаите за изборите во државата во изминативе години. Се воведува Центар за континуирана едукација во ДИК за обука за изборната администрација, гласачите, како и сите учесници во изборниот процес. Собранието по скратена постапка ги донесе и законските измени за високот образование со кој се унифицираат платите на сите државни универзитети, а вработените во сите универзитети ќе имаат ист статус.