Вирален статус на скопјанец: Трубачи и „веспи“ за завршена полуматура

Во периодот на прославите и одбележувањата на полуматурите поделени мислења на јавноста - Дали таа треба да се прославува „на големо“ или сепак станува збор за завршување на задолжително образование. 

Славењето на вакви „достигнувања“ во животот за некои родители е банално и само залудно трошење на финансии. Но, сепак има и такви кои тоа ги прави среќни и не гледаат толку лошо затоа што се дружиш со семејството и пријателите. 

Овој статус на Калин Марковиќ за стана вирален: 

- Oбично не негодувам за „децава денес“ ама мислам дека потоксична појава од трубачи за завршена полуматура не постои.

Под 1 - сте завршиле основено (законски пропишано). Не е некој успех.

Под 2 - не мора да ги тераме децата да се возрасни на 14 години. Сељаштво и трубачи си имаат своја примена во животот, којашто јако ја почитувам, ама не е тоа нешто за просечен 14 годишњак да го разбере и ужива.

Под 3 - гаиме субмедиокритет со правење на спекталки за работи кои на крајот од денот се само мала етапа од пораниот живот во едно „опшество“, а не се никакво достигнување. Валда е поздраво на децата да им славиме поголеми, понесекојдневни успеси, отколку обичниот законски пропишан минимум.

Под 4 - Дарување на веспи и други поклони за полуматура е основата на градење млитави мажиња кладионичари и гаранција за понатaмошен неуспех у животот.