Викенд хороскоп: 15-17 март

Што ни носи викендот?

Photo by Jake Melara on Unsplash

 

Овен

Можни се непредвидени ситуации за време на викендот, кои ќе ви донесат различни емоции. Пробајте да комуницирате отворено и искрено и да бидете директни, но не и груби. Ако сте во врска, ќе успеете да најдете мир во прегратките на саканата личност. 

Слободните Овни се насочени кон интроспекција. Верувајте и на својата интуиција и не заборавајте на сопствената вредност. Бидете со пријатели кои веруваат во вас и кои ви носат добро чувство.

Бик

Можна е мала драма за Биковите, овој викенд. Важно е да се држите настрана од озборувања и да се фокусирате само на позитивни средби и луѓе. Не верувајте на информациите кои доаѓаат од другите луѓе. Ако некој близок пријател се соочи со проблеми, дајте им ја поддршката која им е потребна. 

Биковите кои се во врска имаат мали дилеми во однос на некои прашања, а слободните претставници би можеле да се заљубат во некој близок пријател. Не се плашете отворено да ги покажете своите чувства.

Близнаци

Можно е да бидете чувствителни во однос на одредени прашања и да делувате импулсивно. Но, останете свесни за своите емоции. Ако сте во врска, покажете разбирање за саканата личност. Слободните претставници не би требале да се изгубат во љубовта кон некоја друга личност. Можни се разочарувања ако го направите тоа. Препуштете се на непредвидливоста, љубовта лесно ќе дојде до вас на тој начин.

Рак

Раковите имаат силна страст за саканата личност. Најдете време да им го покажете тоа. Бидете искрени за тоа што го чувствувате и препуштете се на релаксација во прегратките на саканата личност. Слободните Ракови имаат релаксиран и спонтан пристап. Тоа ќе ви помогне да се ослободите од стресот кој е наталожен од изминатиот период. Искористете ја можноста да истражите нови територии и така да среќавате нови луѓе во чие друштво ќе уживате.

Лав

Доаѓаат мали промени за Лавовите овој викенд. На полето на љубовта, имате силен наплив на страст. Покажете и на саканата личност колку ви значи и посветете се максимално на интимноста и задоволството. Успорете малку и најдете баланс.

Слободните Лавови успеваат да се одморат добро и не се заинтересирани премногу за љубовта. Но, можна е средба со интересна личност која во вас ќе ја разбуди љубопитноста и храброста.

Девица

Ќе забележите некоја леснотија во вашето живеење. Како голем товар да паѓа од вашите рамења, а тоа значително ќе го промени вашето расположение, а и пристап кон саканата личност за оние кои се во врска. Ве очекува викенд исполнет со радост.

Слободните Девици имаат силно чувство на слобода, со што си даваат можност да се поврзат со себеси и да најдат јаснотија за тоа што го сакаат во љубовта. Дајте им приоритет на моментите на релаксација и интроспекција, а љубовта потоа ќе дојде сама од себе.

Вага

Овој викенд ви носи убава енергија. Препуштете се на вашите приоритети и планирајте соодветно. Продуктивноста е на високо ниво, овие денови. Оние Ваги кои се во врска немаат многу време за саканата личност, но тука се за оние кои им значат, ако тоа е потребно.

Слободните Ваги имаат исполнет викенд со многу настани. Препуштете се на можноста да запознаете нови личности. Ако имате можност да се поврзете со друга личност, направете го тоа. 

Шкорпија

Овој викенд ви носи можност да изберете со кого ќе го поминете своето слободно време. Имате можност да избирате, а ако сте во врска, вашата сакана личност ви е на прво место. Верувајте им на своите инстинкти. 

Слободните претставници имаат можност да се поврзат со другите на подлабоко ниво. Држете се настрана од технологијата и препуштете на човечка интеракција. Уживајте во убави разговори и водете се од она што ве мотивира вистински. Постои личност која се труди да го украде вашето внимание. Дајте и шанса.

Стрелец

Ова е интересен викенд за претставниците на овој знак. Можни се мали промени, но не треба да се грижите бидејќи станува збор за мали, но убави промени во кои ќе уживате. Ако сте во врска, ќе планирате заеднички со саканата личност и ќе уживате во таквите моменти.

Слободните претставници имаат многу убави мигови пред себе. Земете го она што животот ви го дава.  Ако постои личност на која и се восхитувате, ова е вистинска можност да го украдете нивното внимание.

Јарец

Јарците кои се во врска би можеле да се соочат со мали предизвици во врската, но не ги туркајте работите под тепих, туку потрудете се отворено да разговарате со саканата личност. Најдете решение за работите кои ви се важни на двајцата.

Слободните претставници имаат убава енергија која ги носи во викендот. Создавата аура на позитивност која ги привлекува другите луѓе кон вас. Бидете добри кон другите и флертувајте со оние кои ви се допаѓаат. Забележете ги малите знаци од некој кој ве набљудува од далеку.

Водолија

Претставниците на овој знак би можеле да се соочат со мали предизвици овој викенд, но имајте на ум дека ваквите емоции се привремени. Ако имате потреба, оддалечете се од другите и бидете искрени кон саканата личност дека ви е потребен простор за да ги наполните батериите.

Слободните Водолии исто така се осврнуваат на интроспекција. Внатрешниот мир ви е на прво место. Подгответе се за период кој ќе ве стави во центарот на вниманието.

Риби

За Рибите, ова би можело да биде драматичен викенд. Не дозволувајте во себе да држите лутина и бес. Верувајте си себеси дека можете да изнајдете решение за сите предизвици, а ако сте во врска, направете го тоа со саканата личност.

Слободните претставници се соочуваат со одлично чувство на возбуда. Имате ентузијазам кој е заразен за другите. Тоа би можело да донесе една посебна личност во вашиот живот.