Викенд хороскоп: 1-3 март

Што ни носи првиот викенд од месецот на пролетта?

Photo by averie woodard on Unsplash

Овен

Како што почнува викендот, ве очекува бран на позитивно расположение и возбуда. Ако сте во врска, добро е да внесете малку страст во љубовниот однос. Потрудете се да ја разбудите романсата и да се посветите на своите интимни желби, но и да откриете што е она што го посакува партнерот. 

Слободните Овни ги очекува викенд исполнет со убави вибрации. Ако имате можност, искористете го овој викенд да бидете спонтани и да запознавате нови луѓе. Ако постои некој во вашите мисли, дајте им до знаење дека мислите на нив. Флертувајте, ова е убав викенд за тоа. 

Бик

Биковите се посветени на своите внатрешни желби. Ако сте во врска, лесно се разбирате со саканата личност и добивате љубов и поддршка од нив, но овој викенд ви носи можност да ја продлабочите врската. Споделете ги своите идеи и мисли за иднината и слушнете ја нивната страна.

Слободните претставници се фокусирани на запознавање нови личности. Останете отворени за нови средби и искуства. Не сте најспонтаниот знак, но препуштете се на спонтаноста и авантурата.

Близнаци

За родените во овој знак, можна е мала вознемиреност за време на викендот. Имате чувства со кои треба да се соочите, но како и самите да не знаете како. Најдете време да се посветите на тоа и да изнајдете начин да си помогнете себеси. Ако сте во врска, отворено разговарајте со саканата личност.

Слободните претставници треба да си ја чуваат својата енергија. Бидете мудри во однос на тоа со кого минувате време. Создадете простор за луѓето кои вредат да бидат до вас. Сега е време да ја покажете својата харизма и својот вистински карактер, но со луѓе кои вистински го заслужуваат тоа.

Рак

За Раковите, овој викенд ја назначува важноста на комуникација. Вие сте личност која некогаш бега од конфронтации, особено ако чувствувате силно, но важно е да го споделите она што ви лежи на срце и да и дозволите на друга страна да го направи истото. Тоа ќе ви помогне да ги избегнете непотребните конфликти и да ја задржите хармонијата.

Слободните Ракови ги очекува значајна промена на ова поле. Вашата интуиција се засилува, помагајќи ви да дојдете до можностите кои се вистински за вас. Имајте на ум дека најубавите моменти доаѓаат тогаш кога најмалку ги очекувате.

Лав

Овој викенд ви носи можност да размислите за љубовта. Ако сте во врска, ќе посакате да направите напор да го продлабочите љубовниот однос со саканата личност. Ќе водите отворени разговори и тоа ќе ја разбуди страста во вас. Дозволете и на романсата да се случува природно и сама од себе, без никаков притисок. Уживајте во малите нешта.

Слбоодните Лавови ги очекува убав викенд, за разлика од предизвиците со кои се соочивте во изминатиот период. Заборавете на грижите поврзани со работата и препуштете се на убавите нешта кои ги носи викендот. Тоа ќе ви донесе убава енергија на почетокот на месецот.

Девица

Планетите ви носат можност да се справите со предизвиците. И покрај потенцијалните разочарувања, вие наоѓате сила во себе за да бидете благодарни за она што го имате и да се фокусирате на позитивните аспекти. Ако имате време, посветете се на семејството за квалитетни мигови поминати заедно. Тоа ќе ви ја стопли душата.

Слободните Девици се наоѓаат во период на интроспекција. Се прашувате што треба да смените за да имате повеќе среќа во љубовта, но некогаш навистина не е до вас. Ставете ја грижата за себе како најважен приоритет, овој викенд.

Вага

Ако викендот почне со негативна нота, не дозволувајте тоа да го одреди текот на следните денови. Бидете со луѓе кои се позитивни и препуштете се на уживање кое ќе ви помогне да заборавите на проблемите. Ако сте во врска, ова е добар момент да поминете значајно време со саканата личност. 

Слободните Ваги  минуваат низ мали предизвици, но тие се привремени и ќе поминат. Потпрете се на поддршката од вашите пријатели. Некои луѓе се тука за вас, иако некогаш мислите дека сте сосема сами. Верувајте дека за сèпостои место и време, па така и за љубовта.

Шкорпија

Овој викенд ви помага да избегате од хаосот и да се препуштите на релаксација. Ако бевте втурнати во период исполнет со многу активности, викендот ви носи можност за релаксација и полнење на батериите. Бидете добри и нежни кон себеси и делувајте согласно на своите потреби. Не ви се потребни драми во овој период. Ако ви е потребна и пауза од саканата личност, кажете им го тоа отворено. 

Слободните Шкорпии влегуваат во нови теории. Ако сте во потрага по љубов, преземете проактивни чекори за да иницирате разговор со личност која ви се допаѓа. Бидете храбри!

Стрелец

Стрелците имаат потреба за авантура, овој викенд. Препуштете се на можностите кои ви доаѓаат на патот и искористете ги. Повикајте пријател кој е сличен на вас или пак саканата личност во чие друштво секогаш уживате. Ако тие се малку попасивни од вас, не лутете им се, сепак вие сте најголемиот авантурист во хороскопот.

Слободните претставници се посветени на семејството и пријателите. Ви годи друштвото, но потребни ви се и нови луѓе во вашиот живот, а и малку мир. Најдобро е да направите план за тоа како сакате да го поминете викендот и да направите од сè од по малку.

Јарец

Како што почнува викендот, Јарците ќе почувствуваат голема промена во енергијата. Препуштете се на новите можности кои доаѓаат и задржете го својот ум отворен. Ако сте во врска, потпрете се на поддршката на саканата личност и верувајте им целосно. Тие се вашата карпа во животот.

Слободните Јарци чувствуваат вознемиреност и размислуваат за некои нерешени ситуации. Ако некоја личност ви создава голем стрес, размислете дали заслужува да биде дел од вашиот живот. Најдете момент да уживате во благословите што ги носи животот и да сфатите дека сте посреќни отколку што мислите.

Водолија

Претстојните денови најавуваат одлична енергија за Водолиите. Вие сте генерално позитивни личности, но овој викенд ви носи можност да ја пренесете својата енергија на другите, но и да побарате совет и поддршка од своите пријатели. Можеби ги немате сите одговори, но луѓето околу вас се тука да ви дадат поинаква перспектива. Ако сте во врска, не се плашете отворено да зборувате за тоа како се чувствувате. Дури и да имате мала несигурност, партнерот е тука да ве потсети колку вредите.

За слободните Водолии, љубовта и страста се на прво место за време на викендот. Деновите кои се пред вас ви носат неверојатно љубовни можности. Искористете го овој период за да се посветите на градење значајни односи со другите. Имајте на ум дека работите успеваат тогаш кога се трудите и борите за нив.

Риби

Ова е убав и возбудлив викенд за Рибите. Ако сте во врска, време е за малку страст. Слушнете ја саканата личност, можеби има нешто што долго време сака да ви го каже, а вие се занимавате со неважни работи околу вас.

Слободните Риби имаат викенд исполнет со убава енергија. Искористете го моментот за убави мигови со своите блиски. Не морате активно да барате љубов, но таа би можела да ве најде ако сте надвор меѓу луѓето.