Видео: Силно невреме ја погоди Хрватска, се појави торнадо кај Ровињ

Невремето со грмежи и врнежи, кое во следните часови треба да ја зафати целата територија на Хрватска, веќе пристигна во Истра.

Огромна „пијавица“ се појави кај Ровињ, а од Пореч до Умаг е забележан силен дожд.

Според тамошните медиуми, врне дожд и грми, а дува ветер со брзина од 20 километри на час.