Видео: Повторно евакуација во Ист Гејт мол

Возило се запали вчера напладне во гажажата на трговскиот центар Ист Гејт Мол. Поради овој инцидент за кој причините се уште не се познати, беше евакуиран трговскиот центар.

Засега нема информации ни за евентуално повредени лица. Не е познато ни кој е сопственик на возилото и како дошло до опожарување.

Посетителите од молот останаа да чекаат надвор од него.

Со информацијата околу пожарот доцна синоќа се огласија од трговскиот центар.

„Во врска со информацијата за пожар кој се случи денес во трговскиот центар Ист Гејт Мол околу 18 часот, би сакале да Ве информираме дека техничките служби на трговскиот центар заедно со пожарникарските служби на терен го локализираа пожарот кај едно возило во гаражата и навремено го спречија неговото ширење“, се вели во соопштението од молот. 

Притоа додоа дека, согласно утврдените процедури на трговскиот центар за ваков тип на ситуации беа активирани биле системите за заштита од пожар и вработените во трговскиот центар биле евакуирани.

Како резултат на навремената реакција на службите нема повредени лица ниту е причинета материјална штета.По увидот на надлежните служби, трговскиот центар продолжил да работи со редовно работно време до 22 часот.