Видео: Од вас барам поддршка бидејќи знам дека заедно можеме Скопје да го направиме модерен град, порача Арсовска

-Оваа недела вашиот глас одлучува за иднината на Скопје. Одлуката сега е ваша дали нашиот град ќе продолжи да стагнира или ќе се движиме сите заедно напред за чист, организиран и зелен модерен европски град. Ова е одлуката што треба да се донесе за нашиот град, за наше Скопје, порача денеска преку видео-обраќање независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска. 

-Видовме дека некому политичките кариери му се поважни од граѓаните. Видовме силна црна кампања иницирана од градоначалникот во заминување каде се вклучи и лично самиот премиер. Видовме срамна црна кампања со лаги, фалсификувани документи, па дури и лични закани кон мене и моето семејство.

Но, јас не се плашам. Ние скопјани не се плашиме.

Бидејќи никој не може да ја сопре промената искажана преку волјата на народот. Никој не може да ја сопре промената на позитивно.

Од вас барам поддршка бидејќи знам дека заедно можеме Скопје да го направиме модерен град.

Со вашиот глас за мене ќе кажете не на понижувањата, на досегашните лаги, на неисполнетите ветувања.

Време е граѓаните да почувствуваат дека живеат во среден град, град кој ќе се грижи за, скопјани.

Јас не сум политичар, јас сум менаџер.

Но, пред се, јас сум граѓанин во овој град, вели таа.