Видео: На автобусот на ЈСП му истече горивото

Во последните две години освен новите автобуси кои ги набави Петре Шилегов, другите постојано се расипуваат, се запалуваат и се небезбедни за патниците.

Пример за тоа е и вчерашниот инцидент со автобусот број 53, кој во населбата Маџари ги замолил патниците веднаш да го напуштат автобусот поради дефект.

Како што може да се види на видеото кое го објави порталот Градска Редакција, најверојатно се работи за истекување на гориво.