Видео: Момче со пушка шета пред училиште во Нови Сад

На социјалните мрежи беше објавено ново видео од момче со оружје во близина на музичко училиште.

Граѓаните веднаш повикале полиција, која го пронашла 11-годишното момче и утврдила дека станува збор за пушка.

Во изминатите денови две страшни трагедии ја погодија Србија, кога К.К. уби осум врсници и чувар, а Урош Б. уби осум лица и повреди 14 кај Младеновац.