Видео: Ѓубрето од Аеродром и Кисела Вода истоварено пред „Дрисла“

Ѓубрето од скопските општини Аеродром и Кисела Вода синоќа беше собрано со помош на механизација од други гласови, по што беше однесено кон депонијата „Дрисла“.

Градоначалниците Тимчо Муцунски и Орце Ѓорѓиевски се обидуваа да го убедат раководството на „Дрисла“ да го земе ѓубрето од скопските општини, но тоа не се случи.

Ѓорѓиевски и Муцунски кажаа дека мора да го истурат ѓубрето пред „Дрисла“ затоа што немаат друга опција.

- Бидејќи немаме друга опција, а чекаме повеќе од час и половина, нашите вработени ќе го остават ѓубрето пред „Дрисла“, кажа Ѓорѓиевски.