Веќе следната недела има еден неработен ден

По празничниот продолжен викенд, веќе следната недела ќе имаме еден неработен ден. Понеделник, вторниот ден Божиќ ќе биде неработен ден. 

Министерството за труд и социјална политика ја објави програмата на неработни денови за 2024 година. Согласно со Законот за празниците на Република Македонија во 2024 година неработни денови се:

За сите граѓани на РСМ

• 07 јануари (недела), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, односно 08 јануари (понеделник) е неработен ден

 • 06 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар

• 10 април (среда), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам

• 01 мај (среда), Ден на трудот

• 24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители

• 02 август (петок), Ден на Републиката

• 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 09 септември (понеделник) е неработен ден

• 11 октомври (петок), Ден на народното востание

• 23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба

• 8 декември (недела), “Св. Климент Охридски”, односно 09 декември (понеделник) е неработен ден.

За граѓаните од православна вероисповед

• 06 јануари (сабота), Бадник, ден пред Божик

• 19 јануари (петок), Богојавление (Водици)

• 03 мај (петок), Велики Петок, петок пред Велигден

• 21 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден

• 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

• 01 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден

• 01 ноември (петок), Празникот на сите светци

• 25 декември (среда), првиот ден на Божик. За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 16 јуни (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ

• 22 ноември (петок), Ден на албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ

• 27 јануари (сабота), Свети Сава За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ

• 08 април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ

• 23 мај (четврток), Национален ден на Власите За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ

• 12 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ

• 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ

• 21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.