Урната дивоградба во Бутел: Никој не е над законот (Видео)

Денес во утринските часови беше отстранен бесправно изграден објект на државна парцела во близина на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, објави градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски.

Градоначалникот кажа дека додека тој раководи со општината нема да има бесправно изградени објекти и узурпација во Бутел.

- Без разлика кој од каде доаѓа, без разлика кој на која позиција се наоѓа, без разлика дали некој ми е роднина, пријател, другар или комшија законите мора да важат за сите исто. Никој нема право да зема моќ и да мисли дека е над законот, вели Костовски.