УМС однесе атлас со знамиња пред влада

По случувањата вчера каде што повторно протоколот на МНР ги помеша знамињата на државите, се поставува прашањето дали освен непотизам како причина, причина за ова во МНР е тоа што во протоколот се вработени трајно неспособни личности по пример на трајно неспособниот премиер? По не знам кој пат ја посрамотуваат државата. За таа цел денес им носиме атлас на знамиња од светот со лепенки низ чие собирање владата ќе ги научи знамињата, порачаа денеска од УМС при ВМРо-ДПМНЕ. 

-Имаме разбирање дека е комплицирано да се разликуваат знамињата и поради ова се потрудивме преку вакви интерактивни содржини да им помогнеме да се запознаат со знамињата од светот и да не се случуваат вакви пропусти во иднина. Ве молиме да не известите ако другите институции имаат потреба од вакви помагала, стоиме на располагање да помогнеме, порачаа оттаму.