Улични кучиња нападнале маж и жена во Скопје

Вчера биле каснати две лица од улични кучиња на различни локации низ Скопје.

Најпрво во 13.20 часот во Полициската станица Гази Баба, М.Р.(44) од Скопје пријавила дека на ул.„Лазар Поп Трајков“ била касната од куче скитник.

Потоа во 15.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, А.А.(46) од Скопје пријавил дека на ул.„Ѓорче Петров“ бил каснат од куче скитник.