Украдено уште едно возило од популарно летувалиште за Македонците во Грција

Уште едно возило пред неколку дена било украдено во соседна Грција.

Љиљана Андриќ објави во групата „Во живо од Грција“ дека биле сместени во хотел од каде што им посочиле каде да се паркираат.

- Здраво, ни украдоа автомобил. Бевме сместени во близина на Солун, Агиа Триада. Ние сме во хотелот „Sun Beach“. Ни кажаа од хотелот дека то е нивни паркинг и таму да го оставиме возилото. Мислевме дека паркингот е безбеден. Дали имал некој вакво лошо искуство и како завршило? Го пријавивме случајот во полиција, вели Љиљана.