Укината пресудата за случајот „Меѓународен сојуз“, предметот се враќа на повторно одлучување

Скопскиот апелациски суд ја укина пресудата за случајот „Меѓународен сојуз“ и предметот го врати на повторно одлучување. Во соопштението објавено на веб страницата судот објаснува дека се уважени жалбите на обвинетиот Бојан Јовановски и неговиот татко, како и на Јасна Ерцеговиќ Мандиќ и Христина Блажевска, а потврдена е ослободителната пресуда за Фросина Ременски. Судот утврдил дека обвинителството за неа не успеало да го докаже делото за кое таа се товареше.

Во предметот „Меѓународен сојуз“, Бојан Јовановски е обвинет дека преку невладината организација измамил бизнисмени од кои зел пари за изградба на старечки домови и мобилни сервиси.