Училиштето „Љубен Лапе“ добива две нови спортски игралишта

Општина Аеродром се грижи за развојот на дечињата и овозможува подобри услови за спорт и развој за најмладите. Нови спортски игралишта во Аеродром се инвестиција во здрава и активна младина.

-Основното училиште „Љубе Лапе“ добива два нови спортски терени. Со оваа нова инвестиција ја унапредуваме спортската инфраструктура и ја потврдуваме нашата грижа за здравиот и правилен развој на учениците. Новата инвестиција, целосно финансирана со средства од Општина Аеродром вклучува целосна реконструкција и обнова на спортските игралишта, поставување нови реквизити за спорт, како и хортикултурно уредување на околниот простор. На овој начин, училиштето добива нови игралишта, а децата добиваат силна поддршка во остварување на своите спортски цели и амбиции, соопштија од општина Аеродром.

Од општина Аеродром најавуваат дека проектите во спортот продолжуваат и во следниот период.

-Нови мултифункционални игралишта, а со тоа и подобри услови за спорт и развој во следниот период ќе во близина на основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“, а активно се работи на новиот спортско-рекреативен центар за жителите на „Островска“, велат од општината.