Училиште во Турција ќе го носи името „Северна Македонија“

Средношколците од турскиот град Малатја новата учебна година ќе ја дочекаат во ново училиште, што ќе го носи името „Северна Македонија“, објави „Сител“.

Училниците ќе бидат именувани по македонските градови како Скопје, Тетово, Охрид, Битола, Штип, Куманово и други.

Изградбата на училиштето ја реализира македонско-турската стопанска комора, со поддршка на Министерството за образование и Црвениот Крст на Македонија, Сојузот на турски невладини организации во земјава и Здружението „ЕСНАФ“.